Ривалите од вечниот град, Лацио и Рома, вечерва од 18 часот ќе го одиграат големото градско дерби во рамките на новото коло од Серија А. „Дерби дела Капитале“ ја има централната позиција во шестото коло од Серија А лигата и останува да се види како тимовите од метрополата ќе продолжат оваа сезона.
Римското дерби традиционално е домаќин на интензивни манифестации на љубов и омраза кај навивачите од двата клуба, па затоа, долгоочекуваното враќање на навивачите на трибините ќе му даде посебен шмек на мечот, кој во текот на минатата година се играше зад затворени врати.
Во Рома, неповторливото присуство на Жозе Мурињо и помногна на „волчицата“ да стане победничка машина на почетокот на сеозната, со само еден пораз во лигата и во Европа досега.
Во пресрет на 155-тото римско дерби во историјата на Серија А, Лацио можеби забележа само 39 победи во однос на оние 55 на Рома, но остана без пораз во последните четири првенствени дуели со „волчицата“ на кои беше „домаќин“.
Маурицио Сари и неговиот персонал побараа време да ги вградат неговите славни тактички принципи во новиот Лацио, но доколку резултатите не одат нагоре, јасно е дека нетрпението и кај фановите и кај управата ќе расте.
Од тимските вести кои стигнуваат пре мечот, се очекува Стефан Ел Шарави да го замени суспендираниот Лоренцо Пелегрини во дресот на Рома, додека Маурицио Сари ќе стартива со Чиро Имобиле, Педро и Фелипе Андерсон во нападот. Лукас Леива не е целосно фит, па Сари размислува да го започне мечот со Данило Каталди во средниот ред.
Веројатни состави:
Лацио: Реина; Лазари, Луиз Фелипе, Ачерби, Хисај; Милинковиќ-Савиќ, Леива, Луис Алберто; Педро, Имобиле, Фелипе Андерсон.
Рома: Руи Патрисио; Карсдорп, Мансини, Ибанез, Вина; Кристанте, Верету; Заниоло, Мхитарјан, Ел Шарави; Абрахам.