Вардар 1961 го доби првиот од четирите дерби дуели против Е.Пелистер во рамките на Сушер-лига, на домашен терен славеше со 29-25. Поради правилата за странци во составите за мечевите од македонскиот шампионат на теренот не се најде еден браќата Њокас.
Кевин дуелот со Е.Пелистер го следеше од трибините, се најде веднаш под навивачите. По некое време францускиот ракометар им се придружи на „Комити“ заедно ги бодреа „црвено-црните“.
Браќата Њокас по само два натпревари во ЛШ ги освоија срцата на фановите, Кевин против Мешков имаше осум гола од осум обиди, беше едноставно неверојатен.