Клоп за рекордот на Салах: Во иднина кога ќе се зборува за Ливерул ќе се памети неговото име

242

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот меч со Брентфорд зборуваше за напаѓачот Мохамед Салах, кој вчера со еден гол на мечот кој заврши нерешено (3:3) стана најбрзиот во клупската историја кој постигнал 100 гола во Премиер лигата.

„Ова е извонредна бројка. Пред неколку недели постигна 100 гола во Премиер лигата, а сега има 100 за Ливерпул. Но, ние веќе му дадовме дрес со број 100. Очигледно, ќе треба да дадеме уште еден. Сите знаеме дека ова е исклучителен резултат. Кога луѓето во иднина ќе зборуваат за играчите на овој тим, дефинитивно ќе го паметат Салах. Неговата статистика е неверојатна. Го познавам Мо, тој сега седи и размислува за двата бода што не ги освоивме. Тој е веројатно најбрзиот во клупската историја што постигнал 150 гола. Ова е несомнено извонредно достигнување“, рече Клоп.

ПретходноСолскјер се огласи за спорниот пенал
Следно155-то „Дерби дела Капитале“: Мурињо vs. Сари – битка за Рим