Нант и Лазаров му одржаа лекција на Монпеље

253

Кирил Лазаров и Нант го добија дербито против Монпеље во рамките на 3. коло во францускиот шампионат. Тимот на нашиот најдобар ракометар и селекторот на македонската репрезентација одигра перфектен меч, во ниту еден момент не ја стави победата под знак прашалник, на крајот сосема заслужено славеше со 34-28.

За Нант ова беше втора победа, во првото коло отвори со неочекуван пораз.

Дуелот почна со 6-2, Монпеље се доближи на два гола разлика, а Нант со серија од 9-0 поведе со 19-10 во 29. минута. На голот на Нант одличен беше Нилсен, благодарение на него позитивата беше голема. Нант и по одморот држеше ритам, без проблем го приведе мечот во своја корист.

Лазаров дуелот го заврши со три гола од четири обиди, Нилсен на крајот запиша 13 одбрани.

ПретходноДибала се повреди па во солзи го напушти теренот
СледноБлескав настап на Македонецот: Гол – шоу на Милан Ристовски на дербито во Словачка!