Фиорентина дојде до четвртата победа во првенството во шестото коло од Серија „А“. Душан Влаховиќ од пенал ја донесе победата на „виолетовите“ иако Удинезе според шансите беше подобар тим. Ги имаше доста, но немаше реализација.
Емполи со 4:2 го совлада тимот на Болоња, кој влегува во криза. Бонифаци со автогол донесе водство за домашниот тим, а Бароу израмни, а потоа Арнаутовиќ утна пенал. Пинамонти донесе 2:1, па Бајрами зголеми на 3:1. Арнаутовиќ намали на 3:2, а конечните 4:2 ги постави Ричи.
Со голот на Берарди, Сасуоло ја совлада Салернитана.