Украинецот го урна Џошуа пред 70 илјади Англичани, па се расплака (ВИДЕО)

909

Олександер Усик дојде до најголемата победа во својата кариера, во Лондон ја замолкна 70 илјадната публика, го сруши Антони Џошуа на негов терен.

Украинскиот борач победи после 12 рунди, а одлуката никој не го изненади, тој целосно доминираше. Во последната рунда имаше отворен пат и до нокаут, но Џошуа се спаси.

Откако беше прогласен за победник, едногласно ОД судиите, Усик емотивно се „скрши“, се расплака и отиде во прегратката на својот менаџер, пред организаторите да му ги стават појасите кои ги освои.

За кратко време успеа да се собере и со краток танц пред разочараните Англичани покажа колку му значи победата.

Украинецот сега ги презема титулите во ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, тој стигна до 19-та победа од кои 13 со нокаут.

ФОТО: DAZN Boxing/twitter

ПретходноПСЖ остана перфектен и без Меси, Лион се „лизна“ дома
СледноЏошуа по поразот се огласи на социјалните мрежи