Попладнево од 15 часот на Градскиот стадион во Струга, во еден од најинтересните натпревари од 8.коло во ПМФЛ, домашната Струга Трим Лум ја дочекува Шкендија. Тимот кој е актуелен шампион на Македонија.
Во пресрет на овој дерби натпревар, за тоа што може Струга Трим Лум, свој коментар има Абдулхади Јахја, еден од најдобрите во тимот на стратегот Срѓан Захариевски.
“Повеќе од сигурно е дека Струга Трим Лум има сила и квалитет да ја победи Шкендија. Атмосферата во нашиот тим е одлична,така да попладне во мечот влегуваме со амбициида ги освоиме трите бода. Се знае дека нашите амбиции и оваа сезона се високи, затоа и на секој меч одиме на победа“ истакна Јахја.
Валмир Нафиу, офанзивецот на Шкендија смета дека неговиот тим го очекува тешко гостување.
“Свесни сме дека не очекува тежок меч. Струга Трим Лум има добарр тим, игра добро, посебно на свој терен. Ние имсе вративме на победите, така да верувам дека Шкендија може да ги освои трите бода на гостувањето во Струга“ заклучи Нафиу.
Според официјалните информации од Шкендија, тренерот Бруно Акраповиќ нема проблеми со играчкиот кадар, тој ќе може да смета на сите свои расположиви сили.