Џошуа по поразот се огласи на социјалните мрежи

923

Ентони Џошуа синоќа пред 70.000 публика остана со празни раце, беше поразен од Украинецот Олександер Усик со едногласна одлука на судиите. Британскиот пораз го доживеа вториот пораз во 26. борба во својата кариера.

По поразот не разговараше со медиумите, а промоторот Еди Херн пренесе што разговарал со него.

„”Тој е смачкан. Честитки за Усик, тој покажа одлични перформанси и заслужено победи. Џошуа не се разгоре. Сега ќе оди во болница на преглед, не знам дали е се во ред со окото, не изгледа добро. Тој веќе зборува за реваншот, како ќе го добие исиот“, изјави Херн.

Крако по борбата се огласи и Џошуа.

„Остани позитивен и кога целиот свет ти се руши пред очите. Лондон те сакам, ти благодарам за се, секој пат“, напиша светскиот првак.

ПретходноУкраинецот го урна Џошуа пред 70 илјади Англичани, па се расплака (ВИДЕО)
СледноРадуловиќ: Не сме изразити фаворити, но МЗТ Скопје е шампионска екипа