Десниот бек Никола Ристески се врати во Вардар. 24-годишниот фудбалер доаѓа од Ренова, и практично се враќа во таборот на „црвено-црните“ со оглед дека настапуваше за сите младински категории на Вардар.
Ристески во минатото беше дел и од Работнички и Борец. Има прволигашко исксутво кое ќе биде драгоцено за враќање на Вардар во „елитата“.
Договорот е на една година, а Ристески ќе го носи дресот со број 13.