Со оглед на тоа дека се наближува репрезентативната пауза и собирот на нашата селекција за дуелите со Лихтенштајн и Германија, дојде до мала промена во термините на одигрување на мечевите од ПМФЛ и ВМФЛ.
Па така место во недела, прволигашите своето 9.коло ќе го одиграат ден порано, в сабота. Само дербито меѓу Шкупи и Работнички ќе се игра во недела.
Додека второлигашите своето шесто коло ќе го одиграат дене подоцна од планираното, во недела.
Паузата ќе трае се до 16-17 октомври, кога продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ и ВМФЛ.