Ансу Фати истрча кон трибините, голот го посвети на најзаслужниот (ФОТО)

366

Барселона после неколку лоши изданија конечно успеа да дојде до победа, пред своите навивачи го совлада Леванте со 3-0, а во центарот на вниманието се најде Ансу Фати.

18-годишниот фудбалер пред стартот на сезона го доби дресот на Лионел Меси, од него во иднина се очекува да биде лидер на оваа екипа. Тој скоро година дена беше надвор од терените поради повреда на колената, се врати на вчерашниот меч, а Роналд Куман му даде шанса.

Навивачите со аплаузи го поздравија кам-бекот на Фати, тој им се зблагодари на најдобар можен начин. Во судиското продолжение го постигна третиот гол за Барселона, потврди дека има голем потенцијал.

Откако ја затресе мрежата на противникот истрча во трибините кај лекарот Луис Тило кој беше задолжен за негвата рехабилитација. Фати одлучи погодокот да му го посвети токму нему.

ПретходноЃорѓиевски пред стартот на европската авантура: Куманово има свои шанси, одбраната ќе биде пресудна
СледноВардар 1961 ги пушти во продажба поединечните билети за дуелот со Алборг