Брајтон со гол во последната секунда ја расипа забавата на „Селхарст Парк“ (видео)

190

ФОТО: Twitter/Premier League

Добар меч во 6. коло од Премиер лигата одиграа Кристал Палас и Брајтон. Натпреварот заврши 1:1 на „Селхарст Парк“, а домаќините можат да жалат што не го освоија целиот плен затоа што водеа се до последните секунди кога гостите изедначија.

Вилфред Заха погоди од пенал во 45. минута што е негов осми гол против оваа екипа во кариерата, најмногу од сите ривали што ги имал до сега. Oсвен тоа е 50-ти во дресот на Палас во Премиер лигата.

Но забавата на „Селхарст Парк“ во Лондон ја расипа Нил Мoпи со голот во петтата минута од судиското продолжение.

Брајтон е шести со скор од 4-1-1 (победи-ремија-порази), додека Палас 15-ти со 1-3-2.

ПретходноТорино пак одигра реми, нивно 13-то во 2021 година (видео)
СледноВо Англија се одложуваат натпревари од бизарни причини