Играчот на Милан, Брахим Диаз кажа дека засега враќање во Реал Мадрид не е во неговите планови, и дека е среќен на „Сан Сиро“.
Диаз кој игра одлично во дресот на Милан, е позајмен од таборот на „кралевите“ до крајот на сезоната, но кажа дека би останал во овој клуб.
„Милан е одличен клуб, јас ја чувствувам поврзаноста на фановите со клубот. Имав одлични моменти минатата година, а еве тоа продолжува и оваа, и навистина сум среќен тука“, рече Диаз, кој додаде дека нема никогаш да го заборави голот против Ливерпул во ЛШ.