Клоп: Тоа што претходно го победувавме Порто не значи дека сега сме фаворити

79

Утре во рамките на Лигата на шампионите на „Драгао“ ќе играат Порто и Ливерпул. „Црвените“ од „Енфилд“ одигра 3:3 со Брентфорд, а сега ќе бараат бодови против Порто во групата на Лигата на шампионите. Запрашан дали играта на тимот во одбраната го заплашува, Клоп одговори:

Не мислам дека тоа е повод за паника, но точно дека треба да реагираме. Тешко е да победиш на меч, ако во одбрана не играш на највисоко ниво. Порто е поинаков тим и ќе играме расличен стил, ние повторно ќе бидеме директни, но со сигурност треба да ја подобриме играта во одбрана“, вели Клоп.

Ливерпул даде 9 гола на последните две гостувања на „Драгао“ (победи со 4:1 и 5:0), но менаџерот истакна дека тие резултати нема да им помогнат на утрешниот меч.

Не сме во предност иако ги добивме двата претходни меча со овој противник и тоа на нивен терен. Порто сигурно не сака да им се случи тоа по трет пат. А ние не ни мислиме на тие натпревари, туку за овој утрешниот. Порто е топ екипа. Тие постојано играат во ЛШ и секогаш се први или втори во португалското првенство“, коментира Клоп.

Германецот додаде дека само Харви Елиот и Тиаго Алкантара се повредени и не се меѓу патниците за Порто. Наби Кеита се врати на тренинзи и тој е на списокот.

 

 

ПретходноНевил: Јунајтед нема да стане шампион, затоа што…
СледноТорино пак одигра реми, нивно 13-то во 2021 година (видео)