КОМЕНТАР НА 8.КОЛО: Струга ТЛ ја „имаше“ Шкендија, Шкупи шампионски, Костов го израдува Кавадарци…

916

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Гневен од тоа дека токму на својот 54- ти роденден неговиот тим не успеа да победи, стратегот на Шкендија, Бруно Акраповиќ изјави дека тие имале 100 шанси а Струга ТЛ успеала од нивна грешка да постигне гол.

Навистина чудно. Бруно е премногу искусен и квалитетен тренер за да дава вакви изјави, веројатно не мислел до толку тоа да го каже. Ако не е така тогаш навистина има проблем. Струга Трим Лум буквално в раце ја “имаше“ Шкендија. Водеше со 1:0 до 80.минута кога Тимовски даде среќен гол. И на крај Шкендија треба да биде таа што се радува на бодот, а Струга Трим Лум да тагува.

И дефинитивно ова беше уште едно бледо издание на Шкендија.

Што да се каже ново за Шкупи, освен дека синоќа во Струмица покажа дека има шампионски шарм. Да се победи Академија Пандев и тоа на нејзин терен со 3:1, и тоа откако губиш со 1:0, тоа е голема работа.

Тренерот Седлоски и играчите, секако и раководството на Шкупи очигледно е дека си ја знаат работата.

ТРЕБАШЕ КОСТОВ ДА ДОЈДЕ ЗА ДА ТИКВЕШ ПОБЕДИ

Влатко Костов уште на своето деби на клупата на Тиквеш покажа за каков тренер станува збор. Неговиот тим ја победи Македонија ЃП, фаворизираната Македонија ЃП, со 3:0, а имаше и пенал кој не го реализираа кавадарчани. Со Костов на клупата екипата на Тиквеш ќе биде нешто друго. Влатко и тоа како го израдува фудбалско Кавадарци.

Ренова и натаму победува, не знае за доста. Вчера просто ја „растури“ Брегалница и тоа со 5:2. Селмани блеска, Ќато на клупата како во најдобрите тренерски денови, и тоа е тоа.

Работнички не беше на своето ниво. Сите очекувавме “лесни“ три со Пелистер, ама битолчани не се предадоа и одиграа навистина квалитетно. Искрено требаше и да победат.

Кировски? Зарем некој се сомневаше во искусниот голгетер,кој на сликовит начин, и тоа среде Велес, покажа и докажа дека и тоа како знае како се тресе противничката мрежа.

П.С

Се шпекулира дека оваа недела ќе има најмалку две тренерски смени. Првата во еден клуб од Скопје, а другата…

ПретходноМек Грегор за Волкановски: Ќе му ја направам главата како рагби топка!
СледноЕ. Пелистер остана без Хрватот: Кушан и официјално во Вецлар!