Вардар 1961 ја првата од четирите битки против Е.Пелистер во домашната сцена. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше со 29-25 во рамките на 4. коло во Супер-лигата и остана единствениот непоразен тим сезонава.
На трибините ги имаше верните „Комити“, кои дојдоа во поголема бројка, беа главната поддршка на „црвено-црните“ како и секогаш. Добро е познато дека дуелите меѓу Вардар и Пелистер секогаш биле жешки и меѓу навивачите.
„Комити“ овој пат ги „пецнаа“ битолчани, имаа подготвено посебен транспарент.
„Лажевте дека сте од 85-та, а сега без образ и срам верувате дека Пелистер е Еурофарм“.
ФОТО: ФБ/Комити