Покетино: Не можам да потврдам дека Меси ќе игра против Сити!

221

По се изгледа се чини дека повредата на Лео Меси и не била така наивна како што се мислеше во прв момент. Аргентинецот веќе пропушти два меча во Лига 1 а дали ќе може да игра утре против Манчестер Сити во Лигата на Шампионите, свој коментар имаше Маурицио Покетино, стратегот на ПСЖ.

Меси е во заедно со останатите во групата за дуелот со Сити, е сега дали ќе игра, тоа не можам да го потврдам. Да кажам дека утре играме против тимот кој го предводи најдобриот тренер во светот. Ние како тим сме во фаза изградба, токму затоа противникот е во мала предност. Сепак, ова е фудбал и се може да се случи“ истакна стратегот на ПСЖ.

За наводната караница или нетрпение меѓу Мбапе и Нејмар, Покетино посочи:

Мбапе и Нејмар се фантастични момчиња. Во фудбалот понекогаш нормално е да има тензија меѓу играчите кои имаат победнички менталитет. Ќе разговарам и со двајцата, сакам да видам каде е проблемот. Инаку и самите видовте дека за време на тренингот тие и се шегуваа меѓусебе“ заврши Покетино.

ПретходноДиаз не размислува за враќање во Мадрид, сака да остане во Милан
СледноФОТО НА КОЛОТО: Од Шкупи порачуваат – МНОГУ СМЕ ЈАКИ!