Почина легендарниот кошаркар на Партизан

412

Поранешниот кошаркар на Партизан и некогашен репрезентативец на Југославија Боабан Петровиќ, починал денеска во Јужна Африка.

„Неодамна доживеа сообраќајна несреќа, па последните денови ги мина во болница. Поради ковид мерките контактот беше ограничен, а утрово не затекна веста дека престана да чука срцето на легендарниот центар на „црно-белите“, соопштија од Партизан.

Петровиќ е роден 1957 година, а од 1976 до 1985 година играше за Партизан.

Беше дел од националниот тим на Југославија на ЕП 1981 кога селекцијата освои сребро, а потоа и на СП 1982 кога репрезентацијата се закити со бронза.

Петровиќ беше 10 најдобар стрелец во историјата на Партизан.

ПретходноВо Охрид Супер милионер џек пот со преку 10 милиони денари
СледноФрајбург се сели на нов стадион, но со солзи се прости од стариот (ВИДЕО)