Тренерот на Пари Сен Жермен Маурицио Покетино ќе ги има на располагање Лионел Меси и Марко Верати за дуелот со Манчестер Сити во вторник во 2. коло на Лигата на шампионите. Претходните денови беше прашање дали Лео ќе може да игра поради повредата од мечот со Лион, но сега е решено, ако нема изненадување Меси и Верати ќе бидат во тимот.
„Состојбата на Меси се подобрува и тој ќе биде во групата. И Верати тренира и мислам дека ќе успее да влезе во групата за мечот со Сити. Ќе видам кои 11-мина ќе истрчаат, но големи се шансите и двајцата да играат“, изјави Покетино.
Верати последниот меч го одигра на 29 август против Ремс кога се повреди и го немаше долго време. Всушност тој одигра два меча за ПСЖ на почетокот на сезоната, а потоа два меча за Италија вклучително и 13 минути против Швајцарија (0:0).
Што се однесува до Сити, вечерва е потврдено дека Гвардиола нема да смета на Илкај Гундоган. Играчот од средниот ред