Репеша поради проблеми со срцето даде отказ во новиот тим

169

Јасмин Репеша поради здравствени причини повеќе нема да го води италијанскиот кошаркарска Фортитудо од Болоња.

Тој поднесе оставка по поразот на Реџо Емилио (80:81), откако во соблекувалната почувствувал забрзана срцева фреквенција или тахикардија.

Им се извини на сите за исклучувањето кое го доби на мечот и ја изнесе својата одлука.

“Се извинувам на играчите на клубот за исклучувањето. Јас работев како куче за да го донесам клубот на вистинскиот пат, но по овој натпревар не бев добар, имав тахикардија. Поднесов оставка. Фортитудо е моја прва и најголема љубов и мојот живот, но не можам да продолжам”, изјави Репеша.

ФОТО: Fortitudo Pallacanestro Bologna 103

ПретходноДимитријевиќ е број еден играч за Хелсинки од „Каса де Папел“ (ВИДЕО)
СледноЃорѓиевски пред стартот на европската авантура: Куманово има свои шанси, одбраната ќе биде пресудна