Кристијано Роналдо и натаму е во центарот на вниманието. По кам-бекот во дресот на Манчестер Јунајтед многу работи се променија во клубот и тоа на инсистирање на Португалецот.
Најновото е менито на премиер-лигашот. Роналдо чиј збор и тоа како се почитува вметна две нови јадења, а неговите соиграчи не се воодушевени.
Првото е португалскиот специјалитет – Бакалар со кромид, компири и матени јајца, додека пак второто е октопод, јадење кое Роналдо го сака, но не и неговите соиграчи.
Тој со години има строг режин на исхрана, кој никогаш не го прекинува, а токму благодарение на него е во одлична физичка форма и нема многу повреди.