Кога ќе се победи една екипа како Академија Пандев, и тоа на нејзин терен, со 3:1, и кога два од трите гола ќе ги постигнеш ти, во дерби натпревар, тпгаш нормално е да бидеш и играч на колото. И не само поради тие два гола дадени од пенал, туку и поради начинот на кој ти го разигруваш својот тим. Е тоа е Фреди Алварез, интернационалецот од Костарика, кој веќе извесно е време е “моторот“ на Шкупи.
Покрај него од составот на Чаирчани во тимот на колото се еи Брдаровски и Ѓорѓиевски, стрелецот на израмнувачкиот гол за Шкупи. Пелистер го изненади Работнички, играч на мечот беше дефанзивецот Филип Бошковски. Струга ТЛ малку недостигаше да ја победи Шкендија, а одново одличен беше искусниот Јасмин Мециновиќ. Ренова си поигруваше со Брегалница, а Селмани и Илиески беа одлични. Кировски беше творецот, со двата гола, на победата на Скопје во Велес и Нгоба и Темелков беа најдобрите во тимот на Тиквеш кој ја забележа првата победа триумфирајќи над Македонија ЃП со 3:0. На голот во тимот на колото е Ристе Јанков, кој реално ги спаси својот тим од пораз на дуелот со Пелистер.
ИГРАЧ НА КОЛО
ФРЕДИ АЛВАРЕЗ
Тим: Шкупи
Роден: 26.04.1996
Кариера: Саприса, ЦС Уругвај, Депортиво Мунисипал, Харедино, АДР Жиракал, Шкупи