Федерер знае кога ќе биде крајот на неговата кариера!

297

Роџер Федерер, кој има 40 години, се уште не размислува да се повлече од тениските терени. Швајцарецот моментално заздравува од повредата на коленото, има намера и натаму да игра тенис, но искрено смета дека знае кога ќе биде крајот на неговата кариера.

Како и секој друг спортист самиот ќе знам кога ќе биде време да се каже крај на мојата кариера. Нема да бидам од оние кои ќе останат и натаму на терените колку да останат. Уште сакам да играм на егзибициски натпревари, да го правам тоа што некогаш едноставно не можев, како на пример да одам на пазари во местата каде што никогаш не сум бил. Да, фановите многу ми значат, но не сакам да му наштетам на моето тело. Уште сакам да си играм со своите деца и да одам на скијање. Едноставно ќе знам кога ќе биде крајот“ изјави Роџер Федерер.

Претходно1/8 финалето од Купот ќе се игра на 20 октомври, утре ќе биде ждрепката!
СледноМакедонецот не запира: Тричко одново тресе за победа на АЕК Ларнака! (видео)