Фрајбург се сели на нов стадион, но со солзи се прости од стариот (ВИДЕО)

376

Фрајбург во неделата со победа над Аугзбург, се прости од стариот „Драјзам“ стадион, терен на кој настапуваше во последните 30 години.

Екипата на Фрајбург победија со 3:0, и после шест кола останаа единствената непоразена екипа во новата сезона на Бундеслигата.

Овој меч беше посебен за сите љубители на Фрајбург, затоа што ова беше последен меч на легендарниот стадион, кој се наоѓа во популарната „црна шума“ на самата граница со Франција.

Фрајбург изгради нов стадион „Европа парк“ на кој ќе настапува после репрезентативната пауза.

Неговата изградба чинеше 130 милиони евра.

Меѓутоа навивачите и играчите кои подолго време се тука, со солзи се простија од старото спортско здание.

ПретходноПочина легендарниот кошаркар на Партизан
СледноИсплива комуникација со играчите на Баерн: Поради Ковач сите сакале да си одат!