Црна Гора одбра за Македонија

751

Бојана Поповиќ, селекторот на женската репрезентација на Црна Гора го објави списокот на ракометарки од кои ќе биде селектиран тимот што ќе игра против Македонија на 7 и 10 октомври во рамките на ЕХФ Еуро Куп натпреварувањето.

Во црногорскиот состав недостасуваат Јауковиќ и Џаферовиќ поради повреди.

Поповиќ се одлучи со проверени сили да допатува во Скопје на 7. октомври. Меѓу нив и поранешната „вардарка“ Јованка Радичевиќ.

Голмани: Марина Рајчиќ (Кастамону, ТУР), Марта Батиновиќ (Глорија, РОМ), Анастасија Бабовиќ (Будуќност), Љубица Ненезиќ (Глорија Бузау, РОМ)

Пивоти: Татјана Брновиќ (Будуќност), Ема Рамусовиќ (ЧСМ, РОМ), Николина Вукчевиќ (Будуќност)

Крила: Јованка Радичевиќ (Кастамону, ТУР), Мајда Мехмедовиќ (Кастамону, ТУР), Дијана Мугоша (Подравка, ХРВ), Ивона Павичевиќ (Будуќност), Дијана Ујкиќ (Бург де Пеж, ФРА), Нина Булатовиќ (Будуќност)

Бекови: Матеја Плетикосиќ (Будуќност), Итана Грбиќ (ФТЦ; УНГ), Милена Раичевиќ (Кастамону, ТУР), Јелена Деспотовиќ (Ѓер, УНГ), Тања Ашанин (Мошонмаѓаровар, УНГ), Наташа Чоровиќ (Будуќност), Ѓурѓина Маловиќ (Тулон, ФРА)

Селектор: Бојана Поповиќ

ПретходноИсплива комуникација со играчите на Баерн: Поради Ковач сите сакале да си одат!
СледноБобан Бабунски се врати во Вардар