Ѓорѓиевски пред стартот на европската авантура: Куманово има свои шанси, одбраната ќе биде пресудна

101

Кошаркарскиот клуб на Куманово отпатува за Холандија поточно Гронинген, каде во утре и официјално ќе ја започне новата сезона Овој тим ќе настапи на три фронта, ФИБА Европа Купот, БИБЛ и домашниот шампионат.

Стартот ќе биде во Европа, во квалификациите каде македонскиот тим е дел од групата „А“, на стартот силите ќе ги одмери австриски Гмунден, а потоа во полуфиналето доколку триумфира ќе играат со домаќинот на турнирот Гронинген.

Во оваа група се наоѓаат уште Бенфика и Волунтари и кои би биле евентуални противници на КК.Куманово во финалниот меч за влез во групната фаза од оваа натпреварување.

Тренерот на Куманово Игор Ѓорѓиевски ја пренесе атмосферата во тимот.

„Засега оди според зацртаното и планираното. Атмосферата е одлична, расположението како што треба и се чека стартот на сезоната каде ќе играме на три фронта како што знаете во ФИБА Купот, БИБЛ лигата и во домашното првенство. Ќе биде напорно, но и поради тоа сме тука“.

Според него Куманово има големи шанси, Гмунден има промени во составот за разлика од минатата сезона, со добра одбрана можат триумфално да стартуваат во квалификациите.

„Станува збор за тим кој е шампион на Австрија. Од минатата сезона тимот е изменет со тоа што поголемиот дел од нивните кошаркари кои беа носители не се веќе дел од оваа екипа. Иако има измени во играчкиот кадар на нашиот противник не значи дека ние треба да ја отпишеме оваа екипа. Нашата шанса на овој меч ја гледам во нашата одбрана и брзата транзиција од одбраната во фазата од нападот. Само треба внимателно и сериозно да влеземе во мечот, резултатот ќе дојде сам по себе“, вели стратегот на Куманово за официјалната „Фејсбук“ страница. 
ПретходноРепеша поради проблеми со срцето даде отказ во новиот тим
СледноАнсу Фати истрча кон трибините, голот го посвети на најзаслужниот (ФОТО)