Утре во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија.
Познато е дека ждребот веќе не е диригиран, може да се падне секој со секого. Па така ако се знае дека фаворитите ја минаа првата пречка без проблеми тогаш може да има интересни дуели.
Тука се екипите на Силекс, А. Пандев, Шкендија, Шкупи, Борец, Македонија ЃП, Вардар, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга Трим Лум и Брегалница.
Се игра по еден натпревар и тоа на 20 октомври, додека 1/4 финалето се игра во ноември.
Полуфиналето и големото финале во Купот на Македонија ќе се играат следната година.