Лина Ѓорческа со скок од 52 места на ВТА листата

509

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем скок на најновата ВТА листа.

По ИТФ турнирот во Германија, на кој стигна до полуфиналето Ѓорческа направи скок од 52. места. Таа се најде на 275. место на ВТА листата и има 238 бодови.

За постетување, најдобрата македонска тенисерка во полуфиналето на ИТФ-фјучрсот во Визбаден, Германија беше поразена од првата носителка Клара Бурел.

Врвот и натаму и припаѓа на Ешли Барти, зад неа се Сабаленка и Плишкова.

ПретходноВардар 1961 ги пушти во продажба поединечните билети за дуелот со Алборг
Следно„Комити“ ги „пецнаа“ битолчани: Без образ и срам верувате дека Пелистер е Еурофарм