Иван Тричковски навистина не знае за доста. Четврти меч во првенството на Кипар и четврти гол. Нашиот некогашен репрезентативец вечерва за својот Аек Ларнака реализираше пенал во 72.минута против Олимпијакос Никозија за водство од 1:0 и за победа на неговиот тим.
Со овој гол Тричко изби на врвот на листата на стрелците во елитната лига на Кипар, додека со оваа победа тимот на АЕК Ларнака сега се наоѓа на втората позиција на првенствената табела.