Кошаркарскиот клуб на Куманово отпатува за Холандија поточно Гронинген, каде во утре и официјално ќе ја започне новата сезона Овој тим ќе настапи на три фронта, ФИБА Европа Купот, БИБЛ и домашниот шампионат.
Стартот ќе биде во Европа, во квалификациите каде македонскиот тим е дел од групата „А“, на стартот силите ќе ги одмери австриски Гмунден, а потоа во полуфиналето доколку триумфира ќе играат со домаќинот на турнирот Гронинген.
Во оваа група се наоѓаат уште Бенфика и Волунтари и кои би биле евентуални противници на КК.Куманово во финалниот меч за влез во групната фаза од оваа натпреварување.
Тренерот на Куманово Игор Ѓорѓиевски ја пренесе атмосферата во тимот.
„Засега оди според зацртаното и планираното. Атмосферата е одлична, расположението како што треба и се чека стартот на сезоната каде ќе играме на три фронта како што знаете во ФИБА Купот, БИБЛ лигата и во домашното првенство. Ќе биде напорно, но и поради тоа сме тука“.
Според него Куманово има големи шанси, Гмунден има промени во составот за разлика од минатата сезона, со добра одбрана можат триумфално да стартуваат во квалификациите.