Ајакс ниже рекорди: 7 последователни победи со гол разлика 31:1!

124

Со денешната победа над Бешикташ (2:0) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, холандски Ајакс ја запиша седмата последователна победа во сите натпрерварувања со неверојатна гол разлика од 31 даден и само еден примен гол.

Момците на Ерик Тен Хаг и годинава потврдија дека се еден од тимовите кои можат да стигнат далеку до завршницата на најсилното клупско напреварување.

Денеска рекорд во ЛШ испиша и голгетерот на Ајакс, Себастијан Алер. 27-годишниот Французин го постигна вториот гол на денешниот меч, што за него е веќе петти гол оваа сезона во групната фаза на ЛШ по само два одиграни меча. Со ова Алер стана рекордер во ЛШ минувајќи ги Марко ван Бастен, Дидие Дрогба, Диего Симеоне и Ерлинг Холанд кои имаа по 4 гола на два воведни сезонски меча во ЛШ.

ПретходноИ Куманово немоќен во квалификациите за ФИБА Еврокупот
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Гуеје за водство на ПСЖ, Шериф и Николов водат на „Бернабеу“ (ВИДЕО)