Најважниот играч на Челзи има коронавирус!

223

Челзи најмалку два меча ќе биде без услугите на Нголо Канте, кој е позитивен на Ковид-19.

Оваа информација на денешната прес-конференција ја соопшти тренерот на премиер-лигашот, Томас Тухел. Францускиот фудбалер ќе го пропушти утрешниот дуел со Јувентус во Лигата на шампиони, а потоа и со Саутемптон во домашниот шампионат.

Канте не беше на денешниот тренинг, прашање е дали ќе игра за својата земја во Лига на нации на 7. октомври.

Претходно„Лавовска“ битка, но елиминација на ТФТ во ФИБА Еврокупот (ФОТО)
СледноДобра вест за Вардар пред дуелот со Алборг