„Не можам да разберам како некој може да го смени Милан со ПСЖ“

2772

Една од најголемите легенди на Интер – Џузепе Бергоми за „Скај Италија“ зборуваше за италијанскиот фудбал, за Интер, Наполи, а го прокоментира решението на Џанлука Донарума да го напушти Милан и да отиде во францускиот Пари Сен Жермен.

Не можам да ја разберам оваа одлука. Мислам дека никогаш нема да ја разберам. Порано или подоцна Милан одново ќе почне да освојува трофеи, тоа е прашање на време. Тој (Донарума) требаше да биде трпелив. Ќе повторам: Таа одлука никогаш нема да ја разберам“, коментира Бергоми за „Скај Италија“.

ПретходноПародно ќе биде тренер во Бундеслигата
СледноТетовска пресметка во осминафинале