„Со Роналдо заедно трениравме во Јунајтед, сега јас продавам млеко“

573

Тешко е да се остане долго време на врвот во фудбалот, посебно во Премиер лигата. Еден од оние кои не успеале да направат кариера во најсилната англиска лига е Ричард Екерсли, кој во интервју за „Атлетик“ зборуваше за својата кариера и дебито за Манчестер Јунајтед во 2009 година.

Постојано размислувам за тоа. Кога Кристијано Роналдо беше во Манчестер Јунајтед и јас тогаш бев во Јунајтед. Заедно трениравме. Сега тој е фудбалска ѕвезда, а јас трговец и млекар. Продавам млеко. Овесно млеко. А Роналдо се уште игра фудбал. Лудо“, изјави Екерсли.

Сепак не би ја менувал работата за ништо друго. Среќен сум и сам си ја кројам мојата судбина“, вели поранешниот дефанзивец кој дебитираше за Јунајтед во 2009 година, а профи-кариерата ја заврши во 2015 година во Олдам Атлетик.

Завршив со Олдам и престанав да играм фудбал. Олдам немаше пари ни амбиции. Туку што се оженив, со сопругата чекавме бебе и тогаш и кажав на неа дека ќе се откажам од фудбалот. Тоа беше олеснување. Имав доволно пари да започнам сопствен бизнис“, вели фудбалерот кој играл и во Плимут, Барнли, Брадфорд, Торонто, Њујорк Ред Булс и Бери.

Имаме сопствена куќа, градина и произведуваме храна. Тоа е како град без улици. Работиме 40 луѓе. Се е 100% органско и вегетеријанско. Произведуваме 25,000 литри млеко месечно во стаклени шишиња. Имаме амбиции во наредните пет години да станеме најголеми дистрибутери на млеко во Обединетото Кралство. Кој знае? Можеби Манчестер Јунајтед еден ден ќе ги користи нашите производи?“, додаде Екерсли.

ПретходноТурски репрезентативец е во бегство, со пиштол убил едно лице и ранил четворица!
СледноВечерва во ЛШ: Николов со Шериф на „Бернабеу“, Сити на мегдан со ПСЖ!