Во Англија се одложуваат натпревари од бизарни причини

515

Во изминатите неколку денови одложени се повеќе од 35 натпревари во пониските англиски лиги и тоа од бизарни причини. Мечевите кои се играат во Иштмиан и Саутерн регионите ќе добијат нови термини. Главна причина за одложување на натпреварите е недостигот на гориво, а многу бензиски пумпи се принудени да ги затворат „вентилите“ поради недостаток на испорачка.

„Превозната компанија која ние ја користиме има пристап до гориво, но проблемот е што играчите не можат да дојдат до автобусот“, изјави генералниот менаџер на Ист Турок Јунајтед, Фил Кроув.

Неговата екипа нема да патува на гостувањето кај Маргарет во рамките на Иштмиан лигата откако викендов остана без многу играчи кои поради проблеми со гориво го пропуштија гостувањето кај Херинегеј Бороу.

Според информациите две третини од продажните места немаат гориво, а викендов на бензиските пумпи се забележани огромни гужви. Инаку главна причина зошто во Англија нема гориво е недостатокот на возачи на камиони кои ќе го пренесат горивото низ државата.

ПретходноБрајтон со гол во последната секунда ја расипа забавата на „Селхарст Парк“ (видео)
СледноДенвер го „врза“ Портер со нов договор вреден 207 милиони долари!