Дома Ракомет Лига на шампиони Вујовиќ за Њокаси: Со нив сме поопасни, но и поголеми потрошувачи на...

Вујовиќ за Њокаси: Со нив сме поопасни, но и поголеми потрошувачи на топки

634

Кевин и Оливие Њокас се вистински хит меѓу фановите на Вардар 1961. Има и зошто, француските ракометари по два одиграни меча во Лигата на шампиони се покажаа како вистинско освежување во „црвено-црните“ редови.

На дуелот против Мешков Брест Кевин постигна осум гола од исто толку обиди, еден од нив се најде и во Топ 5 голови за второто коло во ЛШ.

Стратегот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ потенцира дека мора да играат порационално, нема да биде изненаден ако дојде до пад на нивната форма поради паузата во Металург.

„Со доаѓањето на Њокаси станавме поопасни со шутевите од надвор, но и поголеми потрошувачи се на топки. Сега мораме да играме многу порационално. Тие имаа пауза во Металург, можеби ќе дојде пад кај нив, јас сум свесен за тоа, но моја обврска е тоа да го регулирам, се надевам дека нема да има многу пукнатини“, изјави Вујовиќ.
ПретходноВо Италија се зголеми дозволениот број навивачи на стадионите
СледноСите го чекаа списокот на Покетино, стигна одлична вест за фановите на ПСЖ