Добра вест за Вардар пред дуелот со Алборг

1185

Вардар 1961 утре (18:45 часот) ќе одигра еден поинаков меч против Алборг од претходните два во Лигата на шампионите, вака најави тренерот Веселин Вујовиќ на денешната прес-конференција.

Актуелниот македонски првак ќе ја бара втората победа во новата сезона, но овој пат ќе има уште потешка задача. Алборг е без пораз исто, има четири бода, а станува збор за квалитетен тим, против кого грешките се недозволиви.

Токму пред оваа средба доаѓа одлична вест. Во составот на Вардар 1961 се враќа Анте Кудуз, кој поради повреда беше надовор од терените. Тој се врати на тренинзите, а како што најави Вујовиќ ќе биде на клупата и ќе може да им помогне на соиграчите.

За средбата од 3. коло, дефинитивно ќе биде потребна поддршка од трибините, во слободна продажба се уште можат да се најдат билети.

ПретходноНајважниот играч на Челзи има коронавирус!
СледноФОТО: Николов на „Сантијаго Бернабе“ пред мечот на клупската кариера