Менаџерот на Евертон Рафаел Бенитез има намера да ги засили редовите на „карамелите“ со двајца играчи од Реал Мадрид. Според мадридски „Дефенса централ“, Евертон сака во јануарскиот преоден рок да ги донесе Иско и Лука Јовиќ на позајмици до крајот на сезоната. И двајцата не играат често и веќе подолго време се зборува за нивно заминување од „Бернабеу“.
Минатата сезона Иско одигра 29 натпревари и имаше само две асистенции. Јовиќ втората полусезона ја помина на позајмица во Ајнтрахт.
Во актуелното англиско првенство Евертон по шест кола има 13 поени и го зазема петтото место со исто бодови како Сити, Челзи, Ман.Јунајтед и Брајтон.