„Лавовска“ битка, но елиминација на ТФТ во ФИБА Еврокупот (ФОТО)

216

ТФТ брзо ја заврши европската авантура. Еден од двајцата македонски претставници во ова натпреварување е поразен во првиот квалификациски меч за место во групите. Унгарскиот тим на Седеак беше подобар од избраниците на Боро Смилковски во Краснојарск со 76-92.

Кошаркарите на македонскиот тим одиграа „лавовски“, им фалеше малку европско искуство за да дојдат до изненадување во битката за долга европска авантура. Смит, Хортон и Костоски беше ударното трио, но нивните поени не беа доволни за триумф, заедно постигнаа 64 поени.

Во првата четвртина беа рамноправен противник, имаа негатива од два поени (22-24), но веќе во следниоот период му дозволија на противникот брзо да дојде до двоцифрено водство од 24-36, а потоа и од 27-40. Се разбудија кошаркарите на ТФТ, на одморот намалија на 43-50.

За жал во следниот период не успеаја да направат целосен пресврт, противникот неколку пати имаше позитива од 13 поени, па тешко беше да се фати ритам. Во последните десет минути, ТФТ ги „пушти конците“ од раце, на крајот беше убедливо совладан.

ПретходноРоналд Куман ги повика навивачите да бидат реални
СледноНајважниот играч на Челзи има коронавирус!