Фудбалската федерација на Лихтенштајн, ги пушти во продажба билетите за дуелот со Македонија во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство кој се игра на 8. октомври на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц.
Цените на истите изнесуваат од 5 швајцарски франци (4,6 евра) до 40 швајцарски франци (36 евра).
Исто така има и ВИП билети, кои се купуваат од федерацијата, и нема информација за нивната цена.