ЛШ: Интер не успеа да го освои Киев, Ајакс лесно до втора победа (ВИДЕО)

123

Во страв да не претрпат и втор пораз на стартот од групната фаза на Лигата на шампионите, Шахтјор и Интер одиграа без голови 0:0 во денешниотд уел од 2. коло во групата „Д“ на Лигата на шампионите. Интер имаше повеќе од играта во најголемиот дел од мечот, реално имаше и позрели шанси за гол, но до самиот крај момците на Симоне Инзаги не успеаја да најдат начин за да го натираат искусниот Пјатов.

Фудбалерите на Ајакс продолжија со извонредните партии и оваа сезона во Лигата на шампионите. По победата во 1. коло над Спортинг, амстердамци денака пред своите навивачи одиграа одличен меч против Бешикташ и славеа со сигурни 2:0.

Одлуката падна уште во првиот дел кога најпрвин Бергхјус (17’), а потоа и Алер (43’) обезбедија висока предност за домашните. Истата само рутински беше одржувана во продолжението на мечот, иако Ајакс имаше одлични шанси и за најмалку уште еден гол.

ПретходноРома се „откачи“ од Н’Зонзи и го испрати во Катар
СледноМилан Ристовски е автор на 3000-тиот гол на Спартак Трнава во словачкото првенство