ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Гуеје за водство на ПСЖ, Шериф и Николов водат на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

149

Фудбалерите на ПСЖ имаат минимална предност од 1:0 по првите 45 минути на дуелот со Манчестер Сити во супер-дербито на 2. коло од ЛШ. Уште во 8. минута на средбата, Гуеје ја затресе мрежата на Едерсон и успеа да го доведе домашните во водство.

Првото полувреме донесе висок интензитет на фудбал, и вистинска штета е што не видовме уште некој гол.

 

Сензацијата во ЛШ оваа сезона, Шериф Т. е на прагот на ново чудо. По првиот дел во Мадрид, „легијата на странци“ од Молдавија во чии редови настапува и нашиот Николов кој е на клупата, води со 1:0.

 

Милан има водство од 1:0 протов Атлетико (М), но момците на Пиоли останаа без Кеси кој доби директен црвен картон. Ливерпул е сигурен кај Порто и има водство од 2:0 (Салах и Мане), додека Бриж со пресврт на одмор замина со 2:1 на гости кај Лајпциг.

Минимало водство обезбеди и Борусија (Д) која дома со голот на Мален води со 1:0 против Спортинг (Л).

ПретходноАјакс ниже рекорди: 7 последователни победи со гол разлика 31:1!
СледноНафтената криза во Британија удри по фудбалот: Одложени над 50 мечеви во англиските лиги