По седум години ЛШ се враќа на „Сан Сиро“

147

Поранешниот европски шампион Милан долго чекаше на кам-бек во Лигата на шампионите. Тоа им успеа оваа сезона, па после седум години пауза фановите на „росонерите“ ќе уживаат во елитното европско клупско натпреварување на „Сан Сиро“.

На култниот милански стадион вечерва гостува Атлетико Мадрид.

Последен пат „Росонерите“ на „Сан Сиро“ играа во февруари 2014 година во рамките на осминафиналето на ЛШ токму против Атлетико. Тогаш Атлетико победи во Милано со 1:0 со гол на Диего Коста, а на реваншот мадриѓаните победија со 4:1 и се пласираа во четвртфиналето.

Седукратниот европски првак по 18-ти пат учествува во ЛШ, а има четири сезони помалку од италијанскиот рекордер Јувентус. Атлетико 12-та сезона игра во ЛШ.

Милан вечерва ќе игра без неколку играчи: Флоренци, Круниќ, Месиа, Плицари и Флоренци поради повреди, а неизвесен е Бакајоко. Атлетико поради суспензија ќе го нема Стефан Савиќ.

 

ПретходноКуманово и ТФТ ја почнуваат европската авантура
СледноНишто од казните поради Суперлигата, УЕФА ја повлече тужбата