Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски освен што продолжува да ги „решета“ мрежите во Словечка, почна да се запишува и во историските книги на клубот и лигата.
Нашиот репрезентативен напаѓач во дресот на Спартак Трнава викендов успеа да даде два гола во дуелот со Дунајска Стреда, а токму вториот гол постигнат во 66. минута беше јубилејниот 3000-ти гол на словачкиот великан Спартак Трнава во тамошното превенство.