Навивачите на Борусија Дортмунд на вечерашниот меч од 2. коло во ЛШ против екипата на Спортинг, излегоа со транспарент со кој јавно се спротивставија на најавените реформи во Лигата на шампионите.
Навивачите на германскиот гигант на трибините поставија транспарент со текст: „Стоп за реформите во Лигата на шампионите! Фудбалот е за милиони фанови, а не за милијарди евра!“
Навивачите протестираат против зголемувањето на бројот на учесници во Лигата на шампионите од 32 на 36 и напуштањето на групната фаза.
Protest. pic.twitter.com/gherOaCeME
— Thomas Nowag (SID) (@SID_Nowag) September 28, 2021