Повеќе од 50 фудбалски натпревари во пониските англиски лиги мораа да бидат одложени поради проблеми со снабдувањето со гориво во некои области од државата.
Натпреварите во ниските регионални лиги се комплетно одложени, а во некои натпреварувања оваа недела ќе се одиграат само по еден или два натпревари. Побарувачката за гориво се зголеми откако некои бензински пумпи беа принудени да се затворат поради недостаток на возачи за достава на горива, што предизвика вистинска лудница на бензинските станици низ Британија.