Николов од Мадрид за СПОРТМЕДИА: Ова е чудо, сон, историја!

7891
Се случи најголемото чудо во Лигата на шампионите. Тимот од слабата по ранкинг лига во Молдавија го совлада најславниот клуб на Европа и тоа среде Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“.
Шериф од Тираспол стигна до фантастичен успех со победата од 1:2 и во меч на кој во последните минути настапи нашиот Бобан Николов.
ПРВ МАКЕДОНЕЦ КОЈ СЛАВИ НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“!
Секоја чест за Николов кој само неколку минути по средбата одговори на повикот од СПОРТМЕДИА:
„Да се откажам сега…“, вели Николов на повикот, одговор кој го дава по нашиот разговор кога Шериф ги дозна противниците во групната фаза.
Тогаш уште двете страни констатиравме дека ако го победи Реал Мадрид со Шериф тоа ќе биде врв на неговата кариера.
„Ова е голем сон, историја и чудо. За мене ова е најголемата победа во мојата кариера. Да го победиш Реал Мадрид на негов терен. Невозможна мисија за многу поголеми клубови од нашиот. Но, ова е доказ дека мојот нов клуб не е случајно во групната фаза од Лигата на шампионите. Ете затоа и јас сум тука во овој клуб. Не згрешив кога одлучив да дојдам тука. Два меча шест бода. А, сите не отпишаа, имаше и такви кои потценувачки гледаа кога јас дојдов во Шериф, како мал клуб, Молдавија… но еве луѓе по Шахтјор го тепавме и Реал. На ред е Интер но пред тоа сакам нова победа над Германија со националниот тим. Само да влезам во ритам и да имам поголема минутажа. Короната ме сопре за момент, но не се предавам. Одиме напред и фала на сите што ѕвонат и члеститаат од мојата Македонија“, напомена Николов за СПОРТМЕДИА од „Сантиаго Бернабеу“, десетина минути по крајот на историскиот меч за неговиот Шериф од Тираспол.
По разговорот следеше и фото со дресот на Реал Мадрид и победничкото селфи за СПОРТМЕДИА на Николов од соблекувалната на „Сантиаго Бернабе“.
Браво момче, секога чест Бобане!
ПретходноНавивачите на Борусија (Д) против промените во ЛШ: Фудбалот е за фановите, не е за милијарди евра!
СледноАнчелоти истакна една причина за поразот од Николов и Шериф