Почина легендата на Ливерпул и на англиската репрезентација

387

Легендарниот напаѓач на Ливерпул и на англиската фудбалска репрезентација Роџер Хант, почина денеска после долго боледување во 84-тата година од животот, соопштија од Ливерпул.

Хант е втор најдобар стрелец на Ливерпул на сите времиња со 285 постигнати голови на 492 одиграни натпревари.

Со Ливерпул освои две титули шампион, еден ФА Куп и три Супер-купа. Хант беше дел од Англија која во 1966 година ја освои титулата светски првак, единствена титула во историјата на Англија. Одигра за оваа селекција 34 пати, и даде 18 гола.

ПретходноИбрахимовиќ пред 40. роденден дови повик за репрезентација
СледноЛихтенштајн ги пушти билетите за Македонија – цената од 4,6 до 36 евра