Роналд Куман најверојатно ќе влезе во историјата на Барселона, барем како тргнало. Шпанските медиуми постојано пишуваат за неговото заминување од клупата на каталонскиот гигант.
Роналд Куман најверојатно ќе влезе во историјата на Барселона, барем како тргнало. Шпанските медиуми постојано пишуваат за неговото заминување од клупата на каталонскиот гигант.
Тој ја превзема Барселона во најтешкиот период, остана без Лионел меси, а претходно и без Луис Суарез, па шанса во следните период раководството одлучи да им даде на младите фудбалери.
Куман е свесен дека во една ваква ситуација, каталонскиот гигант може да се најде во битките за титули оваа сезона.
„Да бидеме рални, со сите промени кои направивме тешко дека можеме да држиме чекор до големите тимови“, рече Куман.
Навивачите веднаш реагираа на неговата изјава, порачаа дека некој треба да му објасни дека Барселона е европски гигант.
Куман во Барса дојде во август минатата година, тимот го водеше на 61 меча, има учинок од 37 победи, 12 ремија и 12 порази.