Фудбалските селекции на Италија и Аргентина следната година го најавуваат почетокот на едно ново натпреварување, кое ќе се среќаваат победниците од ЕУРО и од Копа Америка.
УЕФА и КОНМЕБАЛ беа долго време во разговори за формирање на едно вакво натпреварување, а тоа ќе се случи веројатно во 2022 година во јуни.
Засега ова е само како идеја, а може да прерасне и во традиционално натпреварување на секои четири години, а можно е да се игра и почесто.